БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден во сообраќајна несреќа загинал Клиф Бартон еден од најзначајните басисти на сите времиња

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден 27 септември 1986 година во сообраќајна несреќа загина Клиф Бартон (Clifford Lee Burton).

Тој е еден од четворицата основачи на светски познатиот бенд Металика.

На фотографијата се (од лево на десно) Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих, Клиф Бартон, Дејв Мастејн кои се оригиналната четворка на бендот кој ќе стане еден од најзначајните и највлијателните хард рок бендови на сите времиња. Оваа фотографија е снимена во 1982 година од тинејџерските денови на членовите на бендот. Во 1983 година во бендот на местото на гитаристот Дејв Мастејн доаѓа Кирк Хамет кој до ден денеска ќе остане во бендот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ноќта кога загинал басистот Клиф Бартон бендот бил на турнеја низ Европа а Бартон играл карти со Кирк Хамет. Победникот Бартон можел да бира на кое место во автобусот може да спие. Изборот кој го направил го одвел во неговата смрт на денешен ден пред 34 години.

Клиф Бартон учествува во создавањето на првите три албуми на Металика  Kill ‘Em AllRide the Lightning и Master of Puppets и се смета за еден од највлијателните музичари и басисти на сите времиња. Музичкиот магазин Ролинг Стоун во 2011 година по избор на читателите го поставува на 9 место на најзначајни басисти на сите времиња.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace