БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев со статистички информации од изминатите 24 часа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев ја информира јавноста за состојбата околу спроведувањето на надлежностите на МВР во врска со Вонредната состојба.

Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение упатено до јавност:

“Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✔️На територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

✔️Во државен карантин се спроведени 209 лица, вратени од странски земји.

✔️По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, а опоменати се 37 лица.

✔️ Вкупно 162 државјани на РМ ја напуштиле државата и потпишале изјава дека државата не им гарантира навремено враќање во државата.

⏭️ Министерството за внатрешни работи контиуирано презема активности за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

🗣️ Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на владата.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace