Дали сте знаеле дека постои информација во светската кинематографија која говори дека филмот “Валтер го брани Сараево” е далеку најгледан филм во светот напред пред сите други филмски хитови и блокбастери. Имено овој филм од поранешна Југославија бил повеќе од 20 години на репертоарот низ цела Република Кина, откако бил снимен во 1972 година како бисер на тогашната моќна Југословенска продукција.

Ова е еден поттик на денешните кино продуценти од Македонија да почнат да размислуваат “покосмополитски”, и по на широко….Којзнае можеби и во Македонија некаде “спие” нашиот Емир Костурица…

Се прашувате најверојатно што бара фотографијата од десетка со “џинки” , шопска и гравче-тавче, на оваа статија?
Оваа гастрономска икона е надалеку и нашироко позната помеѓу нашиот народ.
Кога одев на кино со татко ми 86-та до 88-ма, редовно после кино ме носеше да вкусам од “религијата” на оваа “икона” кај Џамбазоски познатиот Д-р Цинцо. Делчевчани од тоа време знаат за што зборувам.
Патем филмот е закон…”Нашите” победуваат….”Го говорам ова од тогашна перспектива”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Женственост, емоција и диско ритам – нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс
“Параходот” на класична фламенко гитарa на авторот Дарко Тасевски звучи безвременски епско. Најава за нов албум