Како тоа само во Делчево не заживеа Доброволното противпожарно друштво?
Зошто Локалниот совет за превенција на општина Делчево работи на најниско можно ниво (да не речам не работи воопшто)?
Зошто се распаднати ПРОСТОРНИТЕ СИЛИ на Општина Делчево со никаков кадров и материјален капацитет кои што служат за втор одговор на потенцијални пожари а наместо нив се повикуваат голораки граѓани да интервенираат на пожари?
Дали сето ова се прави смислено и плански, со оглед на огромното шумско богатство во општина Делчево кое чека да биде ОПЉАЧКАНО а пљачкашите како и до сега да поминат неказнето?
Многу прашања- малку одговори а тие што ги има толку малку се толку глупи што ни самите тие што ги кажуваат не си веруваат.
Безбедносните сили во државата особено внимание треба да посветат на пљачкањето на природните ресурси по багателни цени, затоа што на ваков начин се нарушува суверенитетот на државата, а безбедносните прашања околу прашањето за чиста и здрава животна средина треба да се стават на ниво на идентитетски прашања!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Македонски фармери на содржини:„Минатото никогаш не умира. Тоа дури не е ни минато.“
Барање за јавно извинување од страна на Александар Митовски за искажаните лаги и манипулации во неговата емисија
Maja Чaчоровска: За Фејсбук