Дали во пресрет ни е пролетта, летото,есента или зимата, секоја нова сезона носи и нови трендови. Како следењето на трендовите за облека, нови начини и модели на шминка, така и бојата на косата е преголем детал за вашиот изглед.
Секоја промена значи нов почеток, па така и промената или нијансирање на бојата на косата ќе влијае многу на вашата самодоверба и изглед. Бидете во тренд оваа пролет.
1. Златно црвенкаста нијанса Се работи за нежна и привлечна боја која е многу популарна скоро во сите сезони. Нијанса совршена за секоја боја на кожа која привлекува внимание.

2. Темно чоколадо Која било боја во која се наоѓа зборот „чоколадо“ потсетува на природност. Одлична за жените кои сакаат темна коса, но не црна.

3. Бакарно (цимет) црвена Ова е длабока, топла и навистина привлечна боја. Изгледа преубаво и е одлична за бринетите кои сакаат да ја освежат нивната коса.

4. Медено руса Оваа боја можете да ја носите во секоја сезона. Одговара на сечиј тен и е навистина привлечна.

5. Костенлива Ова е најскромната боја, но со неверојатен ефект. Не е премногу темна, а не е ни премногу светла, па токму ова ја прави совршена.

6. Варено вино Се работи за примамлива и раскошна боја. Потемната верзија на црвената боја со виолетови нијанси која одлично стои на секаков тен.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола