Загрижен граѓанин до редакцијата на Брегалнички Портал упати фотографија со редица на шокантни информации кои што се однесуваат за квалитетот на наставно-воспитниот процес во Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” од Длечево.
Доставените информации од нашиот сограѓанин кој побара да остане анонимен наметнуваат повеќе прашања кои во име на јавниот интерес на сите граѓани на Делчево а особено на родителите и дечињата кои посетуваат настава во ова училиште, заслужуваат одговор од надлежните органи:
Дали и зошто менаџментот на ова општинско училиште во Делчево поради проблеми со тендерот за набавка на дрва за затоплување на дел од просториите со кои управуваат прибегнале кон малку по нестандардни методи за обезбедување на греење на училишните простории?
Дали има тековна јавна набавка спроведена од надлежните служби на дрва и дали истата е спроведена навремено за да не се случува можен недостиг на дрва за загревање на училишните простории?
Кој е сопственик на прикажаниот трактор и приколка паркиран пред централната училишна зграда од страната на техничките простории и магацински делови на училиштето што стои товарен со дрвени предмети?
Доколку овој трактор врши услуга за ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево на кој начин е регулирана исплатата за извршената услуга?
Од каде потекнуваат предметите товарени во оваа прикажана приколка на тракторот и дали истите се во сопственост на училиштето?
Дали овие дрвени предмети товарени во тракторската приколица се наменети за греење на просториите на едно од подрачните општински училишта во рамки на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево?
Дали во деновите кои претходеле на овој настан децата во училишните клупи седеле на настава во недозволиво-ниски температури, што сериозно се рефлекирало на нивното здравје во во училници во некои од подрачните училишта кои работат во склоп на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево?.
Во очекување на официјален одговор во јавноста од надлежните служби за оваа проблематика, за ваквата пракса и овие јавно упатени прашања во име на јавниот интерес и здравјето на дечињата во ова училиште , можеме само да апелираме на поажурна и ефикасна постапка за обезбедување на сите неопходни технички предуслови за реализација на квалитетен наставно-образовен процес во нашите локални училишта.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец палел оган на балконот од својата куќа и предизвикал општа опасност
Се поставува водоводна мрежа на улицата „563“ во Кочани
Познатиот актер Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината