БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На следбениците на Зоран Заев им пречи вистината: Ги фарбаат и уништуваат билбордите со ликот на шефот во сцена како бара мито

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на повеќе локации низ градовите во државата каде беа поставени билборди со ликот на Зоран Заев во сцени од видео снимките на кои се гледа и слуша како бара мито од струмички бизнисмен по принципот “евро за Вице, евро за црквата”, беа уништувани ваквите пораки од страна на неидентификувани лица.

На билбордите исто така е присутна и фотомонтажа на човечки лик свртен со грб како заминува со Луј Витон чанта во рацете.

Ваквите пораки очигледно им пречат на одредени поединци за кои се претпоставува дека се членови и активисти на СДСМ и следбеници на ликот и делото на Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата конфликтна состојба се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение до јавност во врска со овие инциденти го пренесуваме во целост:

“Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ.

Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината.

Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше.

Насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев. Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата.

Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на рекетот во Македонија.

Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace