“Добивав храна преку безбедносен отвор, исто така и моите лекарства, нови алишта, крпа…”,
-соопштува Џули од Сингапур за своето премрежје откако кај неа бил дијагностициран Корона вирус, поминувајки повеќе денови во изолација.
Таа добро се сеќава на првичните искуства со нејзината здравствена состојба пред да биде дијагностициран вирусот кај неа:
“На 3-ти февруари имав треска. 38,2-38,5 степени. Испив две апчиња Панадол. Бев прилично добра. Единствено почувствував дека сум малку уморна и се сеќавам дека спиев цел ден. Потоа треската престана и остатокот од неделата бев добра. Немав ништо, дури никаква кашлици и никакво кивање. Но потоа на 7-ми февруари рано наутро околу 3 часот наутро, се разбудив а собата ми се вртеше.”
Наредниот ден кај Џули бил дијагностициран Ковит-19, по што била сместена во просторија за изолација.
“Изолацијата во основа се четири ѕидови со врата. Да, го имаш својот телефон, можеш да пишуваш некому, можеш да имаш видео разговор. Но, да се биде целосно без човечка интеракција, почувствував дека сакам да отидам и да тропам на ѕидот, за да разговарам со пациентот во другата просторија. Само за да имам некаков разговор со друга личност. Кога поминував низ критична фаза, еден од проблемите со кои се соочував беше дишењето. Почувствував дека белите дробови се презаситени, дека навистина беа под напор. Не е како во нормални денови кога всушност и не сме свесни како дишаме. Само за да станам од креветот и да отидам до тоалетот кој беше на пет метри од креветот, беше вистински предизвик за мене.”
-вели таа во видео порака за BBC.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена