Шипка (народно Шипци) (Latin. Rosa canina) е диво грмушесто бодликаво растение од родот па розите и е едно од најлековиттите овошја во светот.

Плодовите на шипката се богати со антиоксиданси со благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем. Во практика се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти
Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот.

Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.
Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата.
За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки.

Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај.

Поради сите овие специфики Шипката се смета за симбол на вечниот живот, плодноста и здравјето.
Во Делчево, Пијанец и поширокиот Брегалнички регион шипката е присутна во изобилство во природата како диво некултивирано растение и е достапно на сите љубители на производите од шипка да дојдат и самите да си наберат од неговите плодови.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напад со стаклен предмет пред угостителски објект во Струмица
45 годишен делчевец физички ја нападнал својата мајка
Кривична пријава против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани за пожарот во дискотеката Пулс