Burning man (Запалениот човек) не е фестивал! Тоа е град во кој се што се случува е создадено од неговите граѓани, кои што се активни учесници во доживувањето.
Луѓето кои што присуствуваат на “запалениот човек” не се обични посетители туку активни учесници во секоја смисла на зборот: Тие го создаваат градот, интерекцијата, уметноста, изведбата, и нај на крај доживувањето. Учеството на луѓето кои што доаѓаат во овој град е суштината на “Запалениот човек”, за што постојат многу начини за да се учествува.
Во продолжение ќе наброиме некои од нив:
Создадете нешто
ТИ си “Запалениот човек”. Создај своја сопствена форма за учество. Создај уметничка инсталација, тематски камп, мутирано возило или некаква изведба. Можеш дури и да се поврзеш со постоечки проекти преку посебна мрежа на учесници.
Волонтирај
Биди волонтер кој ќе помогне да се изгради инфраструктурата во Блек Рок Сити. За почетници има почетни напатствија како тоа најефикасно да го направат.
Инспирирај се и биди инспиратор
Пребарај низ историјата на уметноста на “Запалениот човек” за да се инспирираш за своето идно дело.
Создај видео за учество
Овие видеа се за забава, просветлување и едукација во врска со културата на заедницата