По Јане Ченто и Игор Југ, на својот фејсбук профил и Игор Дурловски објави дека одбива да поднесе Барање за помилување од страна на собранието во рамки на процесот за помирување со кој се донесе закон за помилување на учесниците во настаните од 27-ми април вопарламентот на Република Македонија.
Ова е неговото соопштение до јавноста:
Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.
Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.
Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.
Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.
Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.
Да живее Македонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи