Минусни температури изутринава се ргистрирани во повеќе места во Македонија. Најстудено е во Берово каде што се измерени минус шест спепени, во Маврово и Лазарополе минус пет, во Крива Паланка минус четири, а во Скопје, Битола, Тетово и Струмица минус три степени.
Под нулата е и во Кушево, Демир Капија, Дебар и Прилеп.
Времето денеска, спроед УХМР, ќе биде сончево и свежо со мала облачност претежно на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Температурата ќе се двкижи од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево и свежо со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 12 степени.
Во наредните денови ќе за задржи претежно сончево и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Во петок се очекува умерено наоблачување и утринските температури да бидат малку повисоки.
Викендот ќе започне со сончево време, а на крајот облачноста ќе се зголемува.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево