Во текот на вчерашниот ден видовме како Министерот за здравство Венко Филипче заедно со Петре Шилегов и Радмила Шеќеринска се фотографираат и пренесуваат фотографии во јавност од градежна локација каде испланирале да градат нова монтажна болница за потребите со справување со кризата.

Ваквата активност во време на актуелната криза и можниот развој на настаните можеби е и неопходна. Но дополнително во услови на недостиг на финансиски сретства и потребата за рационално приоретизирање на трошоците надлежните би требало попрво да направат анализа на постојните капацитети во државата кои би можело да се стават на располагање за потребите за справување со кризата со што ќе се заштедат драгоцени пари, време и човечки капацитети во ова време на криза.
По објавувањето на веста во јавност од страна на Венко Филипче за изградбата на новата монтажна болница граѓани соопштуваат дека еден од таквите постојни објекти го ставаат на располагање за потребите за справување со кризата со цел да се заштедат сретства во ова кризно време.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера