Си гледаме…
вести со панорами и репортажи за убавините на полицискиот час…
Си гледаме…
вести со статистики и јавувања на дописниците за тоа во кое село колку луѓе задоцниле 7 минути да си појдат дома…
Си гледаме…
вести за нарушената комоција (не е во прашање здравје или живот) на нашите милениците (имам и јас, да не ме разберат погрешно)…
Ама не гледаме…
вести за тоа дека најмалку тестираме во целиот регион…
Ама не гледаме…
вести за тоа дека два од четирите смртни случаи се без дијагноза и третман…
Ама не гледаме…
вести за тоа дека сме втори по ширење (по глава на жител) на болеста во целиот регион…
Ама не гледаме…
вести дека медицинскиот персонал ни е незаштитен…
Ама не гледаме…
вести дека повеќе од 200 доктори и медицински лица се заболени или изолирани или во карантин…
Ама не гледаме…
вести за тоа како државата и ние ги третираме нашите другари, пријатели, роднини кои се враќаат дома…
Ама не гледаме…

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани