Оваа земја некогаш беше полна зо живот.
Нашите улици беа исполнети со ведри и безгрижни луѓе. Човечкото достоинство немаше цена. Чесно заработената плата беше причина за гордост. Соседите беа понекогаш поблиски од роднините, колегите како браќа.
За жал одамна не е така.
И сите добро знаеме кога почна и како почна и кој го почна ова што ни се случува. Ова што го живееме денес, ни’ се подготвуваше со години.
Прво се затворија фабриките, исчезнаа работните места, па си заминаа безгрижноста и ведрината. На крај почнаа да си заминуваат и луѓето-младите.
Вредностите се сменија. Сега чесноста служи за потсмев. Доброто воспитание се смета за слабост а човечкото одеднаш стана предмет за продавање и купување како на пазар.
Сега по нашите чекорат луѓе со наведнати глави. Денес брат со брат не се погледнува. Неверојатно е како дозволивме ова да ни се случи.
Само едно е сигурно.
НЕ МОЖЕМЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ВАКА.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија