БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одржана трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во конфренциската сала на КОАОИ во Скопје, на 19 октомври 2018 година, се одржа Трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија. Поводот за одржувањето на научниот собир е одбележувањето на значајниот јубилеј: 80 години од изградбата на првата брана во Р. Македонија – лачната брана „Матка“, која беше изградена во 1938 година.

На Свеченото отворање на Трибината, во Скопје, поздравен збор беше даден од проф. Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ и претседател на Организациониот одбор. Беше подвлечено дека денес со гордост се констатира дека градителите на брани во Р. Македонија се достојни наследници и продолжувачи на благородното дело на академик Пеќинар од 1938 година. Потврда е фактот дека во Р. Македонија се изградени 45 брани со регионално значење, од кои 4 се јаловишни брани, и околу 110 пониски насипни брани со локално значење. Бројот од околу 150 изградени брани, практично од сите видови (насипни и бетонски, гравитациски и лачни), кои според критериумот на ICOLD се во категоријата на „големи брани“, покажува дека пропорционално на капацитетот и големината на државата, Р. Македонија е позиционирана на врвот на Инженерството за брани во Европа. Тука треба да се истакне дека најзначајните водостопански објекти се проектирани и изградени од домашни компании, што е најдобра потврда дека во периодот од осум децении е создадена препознатлива и респектирана македонска хидротехничка школа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На учесниците на Трибината им се обрати Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Влада на Р. Македонија, кој го истакна значењето на браните за водостопанството на Македонија, и даде преглед на тековните и идните инвестиции на МЗШВ за зајакнување на хидротехничката инфраструктура. Пригодно обраќање до учесниците на Конгресот со посакување на успешна и плодотворна работа имаа: проф. Миле Димитровски – претседател на КОАОИ, проф. Јосиф Јосифовски – продекан на Градежниот факултет, УКИМ, проф. Мери Цветковска – претседател на ДГКМ и проф. Јован Б. Папиќ – претседател на ДГМ.

На трибината присуствуваа 80тина инженери и гости.

Превземено од: www.komoraoai.mk

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace