Со присуство на градежната механизација на улицата „Генерал Апостолски“ во тек се градежни активности кои што со создавање на технички услови условени од временските микроклиматски состојби се интензивираат.
Се работи на делница долга 223 м, со ширина од 6,5 м, каде што ќе се градат и тротоари од двете страни и велосипедска патека со ширина од 1,5 м.
Изведувачот на работите „Коле Транс“ од Штип деновиве ги поставува бетонските рабници и слојот со тампон.
Улицата којашто ги поврзува двете катастарски општини Кочани и Оризари ќе добие два асфалтни слоја од вкупно 18 см.
За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.000 денари од сопствениот буџет.
Овој проект е дел од програмата за работа на Градоначалникот Љупчо Папазов кој посветено ги реализира ветените проекти пред граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски