Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на вечерашнот протест против поскапувањето на струјата со кое Зоран Заев бркна во џебовите на секој еден граѓанин во државата на сметка на богатење на неколкумина тендер-бизнисмени блиски до власта, упати своја благодарност до сите граѓани кои смогнаа сили во ова време-невреме да го искажат својот револт против пакоста на актуелната власт.
“Сакам од срце да се заблагодарам на сите што учествуваа на денешниот протест, но и до оние кои не поддржуваат и со своите срца се со нас, но поради разни причини не беа во можност да се приклучат.
Јасно е дека народот е незадоволен и дека не смееме да дозволиме да имаме поскапа струја, а посиромашен народ.
Изборот е мафија или Македонија!”
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски при што сподели снимки од дрон од самиот протест.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“