БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Потекоа реки народ против мафијашката власт. Молк кај провладините мегафони

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наспроти сите пропагандистички прогнози од страна на провладините медиумски мегафони дека вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ нема да има одзив кај граѓаните, река на народ предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги демантираше сите платеници и клиенти на Зоран Заев.

Револтот кај граѓаните е преголем, пакоста на старо-новата власт предводена од СДСМ на чие чело стои Зоран Заев ги надмина сите можни граници.

Сиромаштијата која што е налегната врз македонскиот граѓанин го доведува во прашање самиот егзистенцијален опстанок на секој поединец, на секое семејство и на државата во целост. Оттука спротивставувањето на демонстрантите е оправдано кон партиското самоволие на Марко Беслимовоски и партизираната Регулаторна комисија за енергетика како продолжена рака на Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Протестот беше последен крик на угнетените граѓани од чие име пред присутните свои пораки упатија Ердоган Сарач како претставник на турската заедница во Македонија, Ерџан Демир како претставник на изманипулираните Роми во државата, Славица Секуловска и Сергеј Попов- новиот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ,

За крај пред присутните се обрати предводникот на вечерашниот протест Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот