БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нарушена стабилноста на новореконструираниот мост кај Таушанско маало во Делчево кој се реализираше со кредит од Светска банка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Утринава обилните врнежи од дожд предизвикаа дестабилизација на нивелетата на новореконструираната улица “Маршал Тито” која води од центарот на Делчево до населбата Таушанско маало кај еден од мостовите кои се долж оваа улица. Сообраќајни знаци за ограничено движење и намалена бризина како и внимание при возењето по оваа улица се видливи од изутрина во делот кај еден од мостовите кој што беше реконструиран неодамна од страна на локалната самоуправа од Делчево.

За колкав обем и со колкава сериозност по однос на општата стабилност на оштетувања на овој новореконструиран мост , станува збор не може да се тврди со сигурност без детални прегледи на сите конструктивни елементи, но учигледно е негативното влијание на зголеменото ниво на атмосферска вода во однос на геомеханичките карактеристики на подлогата.

Image

Клучен момент во проектирањето и изведбата на мостови од ваков карактер е соответната анализа на геомеханичките карактеристики на почвените микро услови, како и обезбедувањето на соодветно фундирање на главните вертикални носиви елементи-столбовите. Исто така поради големиот прилив на атмосферска вода по асфалтот на улицата токму кон мостот во вакви услови може да претставува сериозен проблем во услови кога не е обезбедено соодведно одводнување на атмосферските води од телото на самиот мост.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнително како проблем во вакви конструктивни ситуации може да се појави несоодветното поврзување на остатокот од улицата со армирано бетонскиот дел од мостот, кое што е потребно да се конструира преку соодветни конструктивни интервенции со преодна анкерна АБ плоча се со цел за посоодветно обезбедување на преминот од чакал на армиран бетон на мостовската конструкција, под самата асфалтна подлога кој што дел веројатно отсуствува во овој случај.

Image

Реконструкцијата на улицата “Маршал Тито” беше завршено во втората половина од месец ноември минатата година во рамки на т.н. проект за подобрување на општинскиите услуги со финансии обезбедени преку кредит од Светска Банка од страна на актуелното локално раководство при општина Делчево предводено од Горан Трајковски.

Дали и кога ќе има официјални информации во врска со овој проблем, како и можна соодветна одговорност за несоодветно постапување од страна на инволвираните чинители на реконструкцијата на оваа улица и мост, од страна на Општина Делчево останува да проследиме во наредните денови.

Image

Креирано од:


Пренеси го гласот