БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наше Интервју со Александар Чотриќ- афористичар, колумнист, публицист но и политичар

Пренеси го гласот

Александар Чотриќ е српски и балкански авористичар, автор, публицист, колумнист, но и политичар. Тој е еден од најнаградуваните српски автори и сатиричари.

Неговата колумна “Петта Колона” објавувана во весникот „Српски збор„ во период од 1992 до 2005 година е најдолговечната колумна кога станува збор за новинарски израз и покрај режимските притисоци, уцени и закани кои што ги трпек тој и редакцијата на весникот во 90-тите години од минатиот век.

Ексклузивно за нашиот портал реализираме пишано интервју со Александар Чотриќ во кое зборуваме за повеќе помалку познати детали од неговиот карактер и авторски сензибилитет.

НАШЕ ИНТЕРВЈУ

1.Брегалнички Портал: Балканот е епентар на светскиот афоризам.Србија водечка сила,а Вие најдобар српски афорицистичар. Како е да си на врвот?

Александар Чотриќ: Има афористичари кои се подобри од мене и од кои учам, и во Србија и во другите земји. Јас сум средна генерација и ги почитувам постарите колеги, а и младите делуваат поттикнувачки на мене. Јас се трудам, да пишувам афоризми за различити теми, а нив, му благодарам на Господ, ги има многу.

2.Брегалнички Портал: Што би додале во Вашата биографија?

Александар Чотриќ: Ми е жал што не ме апсеа и осудуваа поради пишување на сатира.

3.Брегалнички Портал: Што би избришале од Вашата биографија?

Александар Чотриќ: Ништо не би избришал, само ми допишал уште афоризми и приказни.

4.Брегалнички Портал: Омилена изрека,поговорка, афоризам…

Александар Чотриќ: Верувам во Господ. Така е најдобро за двајцата.

5.Брегалнички Портал: Во чија кожа не би сакале да бидете ?

Александар Чотриќ: Не би сакал да бидам во кожата на селаните и работниците. Сите им ја дерат кожата.

6.Брегалнички Портал: Кој не би сакале да ви се пикне под кожата ?

Александар Чотриќ: Вируси и бактерии.

7.Брегалнички Портал: Има ли лоши денови за еден сатиричар?

Александар Чотриќ: Лошите денови за сатиричарот се најдобри денови за сатирата.

8.Брегалнички Портал: Која историска личност под казна би ја сместиле во денешницата?

Александар Чотриќ: Оние кои во минатото ни ветуваа светла и подобра иднина.

9.Брегалнички Портал: Со која историска личност би сте се заменила за неколку часа?

Александар Чотриќ: Со Александар Македонски, иако пеесет насто остварив. Александар сум, уште само да бидам и Македонски.

10.Брегалнички Портал: Работа кој никогаш не би ја прифатиле .

Александар Чотриќ: Безработица и легачење се единствени работи на кои не би се прифатил.

11.Брегалнички Портал:.Кој дел од гардеробата на Ева ве фасцинира?

Александар Чотриќ: На сардините „Ева“ во конзерви, најмногу ми се бендисува оној морж со големите заби.

12.Брегалнички Портал: Масер на Ана Ивановиќ или советник за култура на Обама?

Александар Чотриќ: Саветник на Ана Ивановиќ.

13.Брегалнички Портал: Што би смениле кај Обама?

Александар Чотриќ: Би го сменил Обама.

14.Брегалнички Портал: Надзорник во харем или уредник на еротски магазин ?

Александар Чотриќ: Во двата случаи, инаку како и во животот, единствено би можел да гледам, па ми е сеедно.

15.Брегалнички Портал: Што би и зготвиле за појадок на Ангела Меркел?

Александар Чотриќ: Српска салата и германски колбаси.

16.Брегалнички Портал: А што би сакале таа да ви зготви за ручек?

Александар Чотриќ: Телешки стек „Холштајн“ и караѓорѓева шницла.

17.Брегалнички Портал: На пуст остров сте со Мадона, каква порака би ставиле во шишето?

Александар Чотриќ: Би пратил празна хартија, за да не нé најдат.

18.Брегалнички Портал: Златна рипка или Аладинова ламба?

Александар Чотриќ: Духот е повреден од злато, иако риба е риба!

19.Брегалнички Портал: Кои три желби би и исполниле на златната рипка?

Александар Чотриќ: Не верувам дека би можел три пати.

20.Брегалнички Портал: Верувате ли дека стапот од Рајот излегол?

Александар Чотриќ: Стапот излезе од рајот, за да направи Пекол на земјата.

21.Брегалнички Портал: Верувате ли во реинкарнација?

Александар Чотриќ: Верувам дека љубовта никогаш не умира и дека се реинкарнира во омраза.

22.Брегалнички Портал: Ќе ја победиме ли белата чума?

Александар Чотриќ: Не верувам, бидејќи луѓето на Балканот мислат дека белата чума се шири со интимни односи

23.Брегалнички Портал: Што мислите за мажите што ѕиркаат под брачниот кревет?

Александар Чотриќ: Би требало да погледаат и во шифоњерот, позади параванот, на балконот… Изненадувањата демнат од сите страни.

24.Брегалнички Портал: Верувате ли дека две третини од мажите имаат рогови?

Александар Чотриќ: Кој не боди и треба да има рогови.

25.Брегалнички Портал: На што би ја потрошиле последната пара?

Александар Чотриќ: На десет ќебапчиња, со лук и пиперки, и тоа на скопскиот Бит-пазар.

26.Брегалнички Портал: Без што не би тргнале на пат околу светот?

Александар Чотриќ: Не би тргнал без презерватив.

27.Брегалнички Портал: Се срамите ли од нешто што не сте направиле?

Александар Чотриќ: Да, ама срам ми е да кажем што.

28.Брегалнички Портал: Улица или библиотека со Ваше име.

Александар Чотриќ: Улица. Повеќе време поминав на улицата, отколку во  библиотеките.

29.Брегалнички Портал: Кога би морале, со кого би ја поделиле Нобеловата награда за литература?

Александар Чотриќ: Би ја поделил со Толстој и Чехов, затоа што ние тројца неправедно не ја добивме оваа награда.

30.Брегалнички Портал: Чотриќ приватно? .

Александар Чотриќ: Од кога постои Фејсбук, не постои повеќе ништо мое приватно.

Интервјуто е пишувано во ноември месец 2013 година за нашиот портал Destination Delcevo

Креирано од:


Пренеси го гласот