БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најмладите и учениците од Кочани реализираа акција за собирање текстилен отпад

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамките на завршницата од проектот „Ракотворница“, по иницијатива на Општина Кочани денеска се изведе акција за собирање текстилен отпад во кочанските училишта и објекти на Детската градинка „Павлина Велјанова“ каде што има поставено соодветни контејнери.

Акцијата ја поддржаа и Здружението „Синтезис“, коешто во две етапи реализираше работилници за вештини со повторна употреба на текстил, како и Училишниот клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, чии членови беа вклучени во обуките.

Акцијата помогна наставниците и воспитниот кадар од Детската градинка „Павлина Велјанова“, од објектите „Бамби“, „Цветови“ и „Сончогледи“ да ги едуцираат најмладите за значењето на правилното изнесување и рециклирање на текстилот, а со тоа и заштитата на животната средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Кочани ги повикува жителите текстилниот отпад да го изнесуваат во соодветните контејнери за текстилен отпад.

Креирано од:


Пренеси го гласот