Денеска (31.03.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица на подрачје на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село спроведуваат превентивни активности во рамки на кампањата „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Преку делење на летоци со едукативна содржина возачите се потсетуваат дека употребата на мобилен телефон додека се управува моторно возило може да предизвика сериозни последици за учесниците во сообраќајот и се санкционира согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со санкција во висина од 40 евра во денарска противвредност.
Извор: МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“