Со цел да му дадат бугарски карактер на Илинденското востание, бугарските историчари – фалсификатори, пред 60 години му измислија ново име Илинденско-Преображенско востание.
Но пред фактите, бугарските фалсификатори можат само да молчат.
Во првите години по крајот на Втората светска војна, Илинденското востание и во бугарската наука беше познато под името Илинденско. Во тој период е и последниот реален попис во Бугарија (во 1956 година, кога во Пиринска Македонија 70% од населението се изјаснуваат како Македонци). После тоа Бугарите ги фалсификуваат сите наредни пописи.
Но од тогаш, по налог на тогашниот бугарски претседател Тодор Живков, бугарските историчари со цел да прикажат дека Илинденското востание има некаков бугарски карактер, започнуваат да ја фалсификуваат историјата.
Бидејќи сите докази и факти кажуваат дека Илинденското востание е ЧИСТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ, Бугарите немале друго решение, па одлучиле во нивната историографија на Илинденското востание да му го сменат името во Илинденско-Преображенско.
Но секој добар историчар знае дека Преображенското востание во јужниот дел на Бугарија започнува дури 17 дена подоцна од Илинденското, и е сосема различно востание.
И не е само тоа, има и други докази.
Еден од нив е оваа табла во селото Пирин, општина Сандански, Пиринска Македонија.
За време на Илинденското востание, Македонците и во Вардарско и во Пиринско и во Егејско, воделе битки против Турците. Познато е дека тогаш се ослободени и двете помали гратчиња Невеска и Клисура во Егејска Македонија.
И Македонците од Пиринско воделе битки со Турците за време на Илинденското востание. Само во реонот на селото Пирин, имало неколку битки меѓу Македонците и Турците. При тоа загинале повеќе од 20 Македонци од селото Пирин.
И на таблата во селото Пирин, општина Сандански, Пиринска Македонија, убаво пишува:
– „Загинали 1903 през ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ“
НЕ ПОСТОИ ИЛИНДЕНСКО-ПРЕОБРАЖЕНСКО ВОСТАНИЕ.
ЗАТОА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Е САМО МАКЕДОНСКО, И ЗАТОА НЕ ТРЕБА НИКОГАШ ДА ГО СЛАВИМЕ ЗАЕДНО СО БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТОРИ!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
МВР во мобилизација на сите потенцијали за успешно спроведување на безбеден сообраќај
IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација
За Костадин Костадинов битката за градоначалничката фотеља на Струмица е прашање за живот или смрт