БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нема заборавање на оние кои ја донесоа големата победа: Ковачки на терен лично ќе се заблагодари на секој победник во “тројката”

Пренеси го гласот

Носителот на кандидатската листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица Драган Ковачки преку социјалните мрежи го најави својот следен ангажман. Станува збор за повторна теренска агенда во деновите што следуваат по изборите во која што тој ќе ги посети сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа предводници на огромната двојна победа на политиките чиј што предводник е и самиот тој. Така на тој начин постизборно како никогаш до сега Ковачки ќе упати своја лична благодарност на луѓето низ Третата изборна единица кои ја донесоа најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа нова пракса ќе упати силна порака дека во текот на целиот свој мандат ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ќе биде во интензивна комуникација со партиската база а по формирањето на владата и со сите граѓани од кои што било која власт го црпи својот легитимитет.

“Почитувани сопартијци,
Почнувајќи од денес ќе ги посетам победничките општински комитети од ИЕ 3. Значи сите.
Сакам лично да им се заблагодарам на активистите и на прекалените борци – творци на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ во нашата изборна единица во која освоивме 14 пратеници.
Сакам лично да се заблагодарам за ангажманот кој го дадоа за победата на Македонија.
Сакам и да потсетам дека потешкиот дел од патот е пред нас. Дека не’ чека многу работа, труд и пожртвуваност за да успее Македонија.””

-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот