БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Незаконските преместувања во Шумската полиција и подрачните единици на МЗШВ од страна на министерот Димковски е форма на политички притисок

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик Министер во Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на прес конференција реагираше во однос на незаконско решение за вработен во Шумската полиција, за кое судот досудил дека е незаконски и дека вработениот треба да се вработи на претходното работно место во неговото место на живеење.

Ваквиот прогон и преместувања на вработени лица како во Шумската полиција така и во подрачните единици на Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство се присутни подолг временски период наназад и важи за лица кои не се согласуваат со актуелните политики на властите.

Оваа појава е особено изразена во подрачните единици на МЗШВ во Брегалничкиот регион како и помеѓу вработените во Шумската полиција за што известувавме во изминатите месеци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Цветан Трипуновски во однос на овој проблем:

Ова е класично изживување со вработените, се со цел да се користи овој момент како дополнителен притисок.
Јас ова не го оправдувам, го осудувам во целост и не само за Шумска полиција туку за било кое преместување во министерството коешто во изминатиов период, изминативе години бевме сведоци дека се случува, Шумска полиција, подрачни единици во министерството итн.

Апелирам за ова да престане, ова решение да се корегира затоа што е противзаконско и има правни консеквенции и во иднина да не се повторува се до одржувањето на изборите и формирањето на новата влада.

Креирано од:


Пренеси го гласот