БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ние Македонците и Гоце Делчев

Пренеси го гласот

Деновиве се растревожи државата од изјави на наши и странски политичари во врска со Припадноста на Гоце Делчев. Дури и во сенка заборавениот Љубчо Георгиевски знаеше да се наметне во јавноста со своја изјава која ги распали Македонците, па дури повеќе и од онаа на Џамбаски од Бугарија. Сепак опасна е работата, никој не знае што да каже од страв  и каква ќе е реакцијата пред влезот во Европа. Всушност изветвениот Љубчо мудро подбоцна за Гоцевата едукација и неговата припадност во бугарската офицерска школа. Исто и за Гоцевото учителствување во тогашното Бугарско школо во Штип и секако остана недовршен за да по не знам кој пат не биде батален и отфрлен.

Точно е дека Гоце Делчев се едуцирал во Бугарија и учителствувал во нивните соодветни училишта во Македонија, бидејќи наши Македонски школи во тоа време немало, ниту биле дозволени. Значи тоа е време на експанзија на Грчко, Бугарско и Српско влијание во Македонија, кој за разлика од нас имаа дозвола од Султанот да основаат школи и цркви на нашата територија. Всушност Гоцевата едукација во ништо не се разликува од онаа Бан Јелачич кој што се школувал во Австро-Унгарска а не во Хрватска школа, или Бугарскиот воин  – Христо Ботев кој се едуцирал во Русија и Романија, или Васил Левски и неговото дејствување во соседна Романија.

 Тоа е исто како едукацијата и воедното чинување на секој Црногорец Во Србија односно секој Словенец во Австро – Унгарија. Тоа е Американецот George Washington  кој беше дел од Британската војска. Но проблемот не е во тоа – туку да не се помати нешто во нашиот став и однос кон Гоцевата припадност. Не знам дали од страв или незнаење кај нас се појавува мултисклеротичност во однос на припадноста, па така се пројавуваат девијации во самиот Македонец, како на пример: Жалосниот Македонец што е недоволно едуциран кога за прв пат ќе прочита литература за Гоце Делчев, се вчудосува и си помислува – па ова е вистина за Гоце Делчев, па тој можеби бил Бугарин, за да потоа уште поопасна стане ситуацијата во Заблудениот Македонец кој што читајќи биографии и историски натписи доаѓа до заклучок дека Гоце е Бугарин , па со тоа и самиот смета дека си го разоткрил своето потекло – Бугарско.

Но пострашно е она со Мудриот Македонец, а тоа се нашите политичари кои не даваат коментар туку потенцираат дека тие не се историчари туку политичари, па историјата ќе им ја остават на историчарите ( а кој ли историчари останаа). Шегата на страна , манипулацијата е двигател на масата и се е можно. Во минатото многумина Македонски великани ги имаме ишутирано, заборавено или избришано, а јас се надевам дека тоа нема да се случи и со Гоце Делчев. Секако дека Бугарија е во позиција со која може да уценуваат, па дури и да допрат во нечија историја и гордост. Но сепак нејзиниот став и не е толку страшен колку безгласноста на нашите политичари, кои во последно се прикажуваат исклучиво како политичари потенцирајќи дека не се историчари и  дека историјата ја предаваат на историчарите.

Замислете Американски политичар да молчи за George Washington сигурно ќе го раскинат на парчиња, или Французин  да е нем за делата на Sharl De Gol. На нас мора да ни биде јасно дека соседна Бугарија никогаш нема да го постави Гоце Делчев на пиедестал на Васил Левски ниту на Иван Вазов, па ниту на брат му Владимир Вазов, туку ќе биде запоставен во некоја прашина и како некој жртвуван коњ во шаховска игра брзо ќе биде заборавен.

Бугарија мора да си даде отчет кон самата себеси за ветенета Голема Бугарија, а моментот е сега додека се во внатрешниот дел од Европската граница. Во Бугарија сеуште најголем огномет е оној за победата над Фашизмот, тие во состојба на амнезијазабораваат еден цел период од втората светска војна кој само го нарекуваат време на некаков режим, и ја величат победата над Фашизмот, а се оградуваат од своите одлуки за време на Комунистичкото владеење, бидејќи и тоа беше режим, а сега се Европејци. Се надевам дека единствено свеста треба да ни проработи за тоа кои сме и што сме . Никаков европски праг не смее да не води во заблуда за нашето постоење и припадност.

bregalnickimarketing

Пишува: М-р Методи Бојаџиски.

Креирано од:


Пренеси го гласот