“Очекувано уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба на криминалецот Заев минатата година, наредба која уште во септември минатата година Заев ја сподели со повеќе негови соработници. По наредба на контролорите од власта на судот и обвинителството за објавата се чекаше кога да се објави, за што одлучуваат одговорните за односи за јавноста во СДСМ/Владата.
Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот “рекла-казала” на неколку најблаго кажано уценети лица од власта со најбрутални методи.
Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот итн, па удираш по тој кој го направил тоа што неможеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт.
И на ова беснење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион за чии само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите.”
-фејсбук реакција на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот