Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски во рамки на своите средби со граѓаните на Делчево ги афирмира проектите од неговата програма кои што планира да ги реализира во наредниот 4 годишен мандат.
Како еден од позначајните проекти застапени во програмата на Д-р Николчо Стојменовски е определбата за субвенционирање на редовна дневна автобуска линија на релација Делчево-Скопје-Делчево која што веќе повеќе од 3 години недостасува за граѓаните на оваа општина од крајниот исток на Македонија.
Исто така во програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа и проектот за поддршка и субвенционирање на локална автобуска линија до сите села во Општина Делчево. На тој начин ќе се обезбеди комуникацијата и пазарните можности за сите жители на општината без исклучок а со тоа и подобрување на нивниот животен стандард.
Дополнително овие два проекти одат во корелација на определбите за зголемена туристичка промоција и подобрувањето на условите за рурален развој кој што во Делчево има особено големи потенцијали за развој.
Погледнете ја изјавата на Д-р Николчо Стојменовски во која тој во јавност афирмира дел од проектите во неговата програма дадена за порталот delcevo365.mkЧ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот