Кандидатот за градоначалник на општина Штип Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамки на својата кампања лансираше нова и иновативна електронска платформа на интернет за комуникација со сите граѓани на општината.
Станува збор за апликацијата “Нова иднина за Штип” која што е достапна на интернет а каде е објавена предизборната програма на Јорданов за реализација во наредните 4 години како Градоначалник на најголемата општина во Брегалничкиот регион.
Програмата содржи голем број на проекти поделени во повеќе суштински поглавја преку кои значително ќе се подобри квалитетот на живот и стандардот на сите граѓани на општината без разлика на руралните места или градот Штип.
Она што е забележително кај оваа онлајн платфорна е можноста граѓаните да даваат свои конкретни предлози, проекти и идеи за реализација од идниот градоначалник на општината Штип. Исто така е особено иновативна е можноста останати граѓани да можат да ги оценуваат и да коментираат за веќе изнесените предлози и идеи на други граѓани.
Па така низ еден јавен и транспарентен процес може да се филтрираат најквалитетните предлози и идеи кои се од најголем интерес на самите граѓани за да можат истите да бидат реализирани во наредниот период.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!