БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга, рокот е продолжен по барање на финансиските институции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Помеѓу останатите актуелни прашања од негова надлежност Министерот за транспорт и вицепремиер во Македонската влада во своето гостување во вестите на ТВ Сител, зборуваше и за развојот на железничкиот сообраќај и инфраструктура во државата.

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на месец јули јавноста да знае, потенцираше вицепремиерот Николоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За Тој зборуваше и за плановите на соседните држави – Грција и Србија, чии активности се насочени кон поврзување со Македонија со двоколосечни пруги, а најави и средби во текот на летото со претставници од грчката Влада и институции.

-Можам да најавам дека очекувам во текот на месец јули да имам средби со претставници на грчката влада, ресорните министри и други институции, на кои детално ќе зборуваме за проектот. Она што охрабрува е дека Грција предвиде некаде околу 640 милиони евра за целосна рехабилитација на пругата од Атина до Солун, која оди некаде до 20км северно од Солун, со што остануваат уште 50км до Гевгелија, за кој иницијалната информација е дека веднаш штом ние почнеме да градиме на наша страна, ќе почнат и тие да градат на својата страна. Во делот на Србија, веќе имаат брза двоколосечна пруга од Белград, преку Суботица до Будимпешта, сега градат Белград-Ниш, и бараат финансирање од Ниш до Скопје, со што очекувам и Србија да гради со нас, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Подвлече дека сега Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит на мапата, а со изградбата на брзата пруга од Коридорот 10 државата ќе заработува по 120 милиони евра годишно.

Креирано од:


Пренеси го гласот