Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22 % што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика. Со тоа покажуваме дека градежништвото станува основен двигател на економијата, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
“Се работи за исклучително висок раст, којшто не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година. Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 -та година гледаме силен раст во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал, највисоко тримесечје. Вкупно завршени работи се околу 242 милиони евра за само три месеци. Споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст. Така што, навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти коишто ќе значат сериозен раст на градежништвото и со тоа на бруто-домашниот производ” – изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.
Извор: Министерство за транспорт

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука