Вечерва во мисијата “Само Интервју” свое гостување имаше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Министер за транспорт и вицепремиер во владата Александар Николоски.
Во интервјуто со домаќинот во Канал 5 телевизија Гоце Михајлоски, вицепремиерот Николоски зборуваше за повеќе политички теми од интерес на јавноста, меѓу кои и за темата околу обидите на функционери на ДУИ да ја дестабилизираат државата со цел себеси да се факторизираат на политичката сцена во Македонија, откако завршија во опозиција после изборите на 8 мај годинава.
Вицепремиерот Николоски, во одговор на прашање на водителот зборуваше за протестите на ДУИ и нивните јавни настапи и манифестации околу Уставниот суд изминатите денови:
„Ова е една провидна политичка игра, ние кои што сме поискусни во политиката, јасно ја читаме играта. Овдека кадија те тужи, кадија те суди, сакаше ДУИ да прави, од една страна да создаваат проблем, од друга страна да го решаваат проблемот и на тој начин да пробуваат да изигруваат спасители на Албанците од една страна, а од друга страна некакви си гарантори на стабилност во државата’’, ја разобличи политичката игра на функционерите на ДУИ во јавност вицепремиерт Николоски про што беше експлицитен до крај да ги разобличи намерите на ДУИ:
„На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години и така би биле најсреќни, бидејќи зелената агенда им пропадна и дека не се баш по работењето, туку по полнење на сопствениот џеб.
Зелената агенда им пропадна, нели истрчаа еднаш низ планина во зелени маици со Мерко напред. По проекти нешто не се многу, еве ги гледам јас во мојот ресор како работеле проекти, односно не работеле единствено ги интересирало да си наплатат. И единствената точка која што им останува за која што можат да зборуваат се етнички тензии, кои што според нивната филозофија тие би ги создавале и тие би ги решавале’’, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека ДУИ освен крадење, за друго и не се интересирале.
„Тоа што поткраднуваа, паралелно со тоа што нели беа, фактор на стабилност, треба да им се прости за да Македонија е стабилна и така се продаваа и во домашната и меѓународната јавност. Но тој филм со изборите 2024 и со оставањето нивно во опозиција, што беше наше клучно ветување мислам дека заврши’’, решително поентираше Николоски во неговиот одговор на првто прашање поврзано со оваа политичка актуелност околу делувањето на ДУИ од опозиција.
Целото интервјu на Александар Николоски може да го погледнете во видеото на програмата на Канал 5 Телевизија во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано