Изминатите неколку денови Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е во работна посета на Босна И Херцеговина во функција на известувач за состојбите во оваа балканска држава во рамки на својот ангажман како пратеник во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
“Во овие три дена сум во посета на Босна и Херцеговина како известител на Парламентарното собрание на Совет на Европа. За прв пат се случува пратеник од нашата држава да е известител за една држава, што е исклучително значаен момент.
-Имаме средби со највисоките претставници на државата, со Владата, со пратениците, исто така имаме средби со шест амбасадори на Германија, Италија, Хрватска, Словенија, понатака на ОБСЕ. Исклучително битна средба со високиот претставник на Обединетите Нации за Босна и Херцеговина како и средба со Државната изборна комисија, средба со обвинителот за борба против организиран криминал и корупција, како и високиот совет кој што ги избира судиите и обвинителите во државата, секако и средби со граѓанскиот сектор и новинарите, рече тој.
Потпретседателот заклучи дека клучно од тие средби е борбата со организираниот криминал и корупција, тоа е нешто што го засега целиот регион и е предуслов за напредок кон Европската Унија и за задржување на младите во државата.
-Заклучок на сите овие средби е дека клучно е борбата со организираниот криминал и корупција, тоа е нешто што го засега целиот регион и е предуслов за напредок кон Европската Унија и за задржување на младите во државата. Ова е и за мене секако и за Македонија една голема работа затоа што вакви мисии помагаат и на подобрување на меѓународниот углед на државата,”
-изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата посета во Босна и Херцеговина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?