БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ако излегоа сите отровни габи на површината да продолжиме во борбата против злото на власта?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во услови на вистинска демократија во едно општество, политичката власт во институциите би требало да биде сведена на техничко ниво додека приматот на вистински двигатели на општествените процеси би биле граѓаните.

Но во нашата Македонија таква каква што ја создадоа поранешните политички елити демократијата е мисловна именка а сите општествени процеси се подредени на владата. Процесот на децентрализација на власта се чини како и да не започнал а владата си ја препишува улогата на општ владетел во државата додека на народот му продава филм за европски вредности и граѓанско општество. Политичката елита која што својата моќ ја базира на уцени, корупција, неправда, мито и злоупотреба на државни-народни ресурси за остварување на политичка моќ во никој сличај може да се нарече демократија. Технократијата која што во првите години од своето дестгодишно владеење ја промовираше Никола Груевски еволуираше во СЕВЕРНА со сите општествено-штетни појави кои што граѓаните секојдневно ги живеат.

Но се чини дека СЕВЕРНА е “мало дете” во однос на “манџата” што тековно се готви во котелот во кој главни состојки се СДСМ и ДУИ и која е “засладена” со повеќе различни вкусови на мирудии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Последниот клинец врз ковчегот на Македонското постоење треба да го заковат сите оние сателит партии, нереализирани политички фигури и медиумски медиокритети кои што со своето делување работат во директна спрега со СДСМ и ДУИ за остварување на ваквото сценарио. Се чини секој нереализиран политичар од минатото си има резервирано свое столче на погребот на Македонскиот идентитет. Тоа се политичари од кои денес дел се преоблечени во одела на аналитичари кои што целиот свој работен век биле во политика а со ништо не покажале можност и знаење да допринесат за доброто на граѓаните, но и политичари за кои не постои идеологија и се склони кон политички слалом само и единствено поради нивна лична корист.

Што имаат заедничко Палчо, Филип, Стефчо, Наталија Ивчева, Никола Груевски, Максим…. Сите тие некогаш имале несразмерно голема политичка моќ во однос на тоа што го имаат денес. Дијагнозата “да имаш па да немаш” најдобро овие луѓе можат во јавност да ја прераскажат на сопствен “трошок” за да јавноста има полза од нивните пропаднати искуства во политиката.

Филип Петровски како поранешен претседател на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник, конзул, директор…. целокупната своја кариера ја има направено врз грбот на партијата ВМРО-ДПМНЕ т.е. врз грбот на членовите на партијата како и граѓаните кои што гласале во минатото за оваа партија. Денес Филип Петровски има различни политички ставови со ВМРО-ДПМНЕ и се бори за дискредитација на луѓето кои што ја креираат политиката на оваа опозициска партија. И тука нема ништо спорно. Проблематично е тоа што со неговото делување против ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски директно одработува за опстој на СДСМ и ДУИ на власт. Кои се мотивите на Филип Петровски како искусен политичар- сега инфлуенсер, подкастер и аналитичар за да влегува во вакво сценарио ќе се позанимаваме во наредниот период.

Љупчо Палевски- Палчо деновиве се кажува дека оди по терен растрчан околу градење на инфраструктура за својата нова партија Десна иако ниту медиумски ниту на терен јавноста не може да забележи никакви активности. Привидот на тајност во организирањето и изненадно делување против власта не може да биде аргумент, затоа што делувањето на Палчо во изминатиот период беше сведено на Курто и Мурто- дијалектика, од кои повеќе напад реализира кон ВМРО-ДПМНЕ а многу малку напад кон СДСМ и ДУИ, што најдиректно го сврстува во овој круг на “пријатели” кои одработуваат за опстој на СДСМ и ДУИ со тоа што се обидуваат да ги дискредитираат луѓето од ВМРО-ДПМНЕ.

Наталија Ивчева (читај Александар Митовски) со својот медиум во целата оваа гарнитура “се продаваат” себеси во јавност како големи борци за Македонски национални интереси со што се обидуваат да се наметнат кај граѓаните како креирачи на јавно мислење, но со оглед на сериозноста на ситуацијата во секојдневниот живот на граѓаните на Македонија нивното делување преку полувистини еднакви на манипулации играјки на карта на ниски страсти со гол национален популизам и блед романтизам немаат реал-политичка употребна вредност, освен што се забава за ограничен број на луѓе. Сепак убавината на можноста за избор од страна на граѓаните го прави нивниот медиумски напор оправдан за да навистина народот во Македонија може да изгради своја перцепција и да направи разлика меѓу луѓе озборувачи и луѓе кои во суштина нешто прават и создаваат.

Никола Груевски слично како и неговиот претходник од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски бара излезен канал за себеси за да може да продолжи во некаква нормала понатаму во животот. Тој излезен канал (од ограничениот фонд на опции) може да биде преку остварување на ограничено политичко влијание-доволно за да направи ситуација да наштети на ВМРО-ДПМНЕ до ниво за неговата довчерашна партија да биде ставена на преговарачка маса за формирање на нова влада после претстојните парламентарни избори. И тука некаде политичка употребна вредност на Никола Груевски би завршила (по примерот на Љубчо Георгииевски) со што граѓаните кои што би гласале за неговата опција ќе бидат оставени на цедило, за потоа повторно да бараат начин како да се вклучат во структурите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ која според сите проекции ќе биде победничка сила на наредните избори. Но штетата ќе биде направена а Македонија неповратно ќе заплови во нови политички води кои што ќе го продлабочат егзодусот на Македонскиот национален идентитет. Идејата на наредбодавците со чија што помош Никола Груевски отпатува до Будимпешта е да се ослаби актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ до таа мера доволно за да седне на преговарачка маса за формирање на нова влада каде што под уцени и притисок би прифатиле продолжување на актуелната агонија за деноминација на Македонското национално постоење. Сценариото за поделби и раскол во ВМРО-ДПМНЕ е веќе прочитано, филмот изгледан и во него нема ништо ново кое што би можело позитивно да се преслика за поквалитетен живот на Македонските граѓани.

Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски заедно со Данела Арсовска ја имаат истата карактерна црта на овие претходниве споменати политичари со таа разлика што нивното “да имаш па да немаш” ќе следува по наредните локални избори кога нивниот политички воз ќе тргне по надолница. Поранешни функционери кои дошле на највисоки државни и партиски функции во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес се нивни противници. Можеби моменталната реторика на СДСМ не им е својствена, но суштински овие тројца политичари немаат нешто поразлично да понудат на Македонската политичка сцена од она што беше политичка реалност во изминатите 30 години а по инерција со нивниот удел би можело да продолжи да ја заглавува Македонија и понатаму во калта на самоуништување. Максим, Стевчо и Данела не се по ништо поразлични од Никола Груевски, од Филип Петровски, од Палчо…. Сите ја пеат истата песна која ја научиле во минатото и нема ни ронка нова енергија/визија/знаење и капацитет за промена на состојбите кон подобро. И тројцата се вивнале во успехот кој што го живеат денес врз грбот на нивните партии против кои што сега одработуваат.

Ликот и делото на Димче Апасиев во целата оваа гарнитура на поединци кои одработуваат за опстој на СДСМ и ДУИ на власт и продолжување на процесот за уништување на Македонскиот национален идентитет се малку посложени но несомнено вредни за коментар. Политичкото делување на Апасиев и неговата мериторна улога во Левица е она што го разобличува Апасиев во неговите напори да се претстави себеси како жесток левичар продавајки од една страна екстремен социјализам/комунизам/марксизам а од друга страна поставен како ВОДАЧ на Левица наспроти сите социјалистички флоскули за колективно самоуправување. Околностите под кои што Апасиев ја превзеде Левица од управувачката моќ на некогашниот Президиум на Левица се приказна сама за себе кои одат во прилог на разобличувањето на ликот и делото на Димче Апасиев. Дополнително фолклорот кој што Димитар Апасиев и неговите најблиски приврзаници го манифестираат во однос на националниот популизам е во директен конфликт на природата на левичарското убедување дека работникот е единствена националност која ја признаваат. Опортунизмот во Левица води кон хаос во кој што повторно единствена корист би ја имале СДСМ и ДУИ во нивните напори да останат на власт во државата и покрај целокупната штета која ја предизвикаа во последните неколку години врз опстојот на Македонските граѓани. Секако најиндикативен момент во целата политичка реторика на Димитар Апасиев и неколкумината негови најблиски приврзаници кои само ја повторуваат песната која тој ја пее, е тоа што Левица го бара гласот на граѓаните на избори, но со задршка и резерва дека нема да учествува во креирање на наредна власт како коалициски партнер се додека не освои доволно пратеници за да сам креира влада, што во денешни рамки е мисловна именка. На тој начин опозицискиот глас кој што треба да се спротивстави на власта ќе замине во празно кај Левица а опозицискиот блок кој што има сила и потенцијал за промена на состојбите кон подобро во државата ќе остане покус за овие гласови кои Димче Апасиев и неговата Левица ќе ги откине од опозицискиот блок.

Во целото ова море од ајкули, единствената сигурна и непроменлива сила се граѓаните на Македонија! Потребата од правда, потребата од подобар животен стандард, потребата од подобра инфраструктура, поефикасна администрација, враќање на институциите на народот не може ниту еден од овие политичари во сегашни констелации ни делумно да ги задоволи.

Избеганоста на сите овие поединци погоре од реал-политичките околности и моќ (која доаѓа од знаење, капацитет и способност) за влијание на процесите ги прави тоа што единствено се: блед обид за забава и замајување на широки народни маси во услови кога Македонија се наоѓа во историски моменти за дефинирање на својата сегашност и иднина.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace