БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поминаа 5 години откако функционери од СДСМ се закануваа на администрацијата во Делчево да излегуваат и да гласаат на референдумот….

Пренеси го гласот

Поминаа 5 години откако делчевските функционери од СДСМ се јавуваа и се закануваа на администрацијата во Делчево да излегуваат и да гласаат на референдумот за промена на името на Република МАкедонија.

5 години откако ветуваа

-европско здравство-здравството е претворено во министерство за смрт!- без специјалистичка здравствена заштита во Здравниот дом во Делчево,

-странски инвестиции- и домашните бизниси пропаднаа а работниците отидоа надвор од државата,

-отворени граници и мобилност- Македонија е се позатворена земја- отворена само за поевтина работна сила; без ни една автобиска линија на јавен превоз за делчевчани кон остатокот од државата,

-европско судство- денес со амнестија и застарување на делата на криминалци,

-европски стандарди за животната средина- исечени шуми низ Пијанец и Малешевијата на штета на локалното население

-европски културни вредности-денес со покриен дом на Разловечкото востание со лим за плевни; кино сала без филмови; летна сцена без настани на ниво какви што заслужуваат граѓаните,

-европска администрација- наместо тоа делчевчани добија партизирана администрација на сопруги, браќа, сестри на високи партиски функционери на СДС,

-европско образование- наместо тоа делчевчани добија уплашени, уценети, со урнато достоинство наставен кадар кој се плаши дали од 1 септември ќе има доволно часови за да преживее, со ученици кои што гледаат подобри услови за образование надвор од Делчево,

-сигурност, безбедност и сообраќајна култура- наместо тоа делчевчани добија дрога по улиците, зголемено насилство, нарушени семејни односи, хаос во сообраќајот….

30 СЕПТЕМВРИ 2018 година е ден кога Македонскиот народ покажа грб на најголемата измама во модерната Македонска историја.

30 СЕПТЕМВРИ е симбол на непокорот на Македонскиот народ и желба за негово опстојување како слободен и просперитетен во Македонија создадена по сопствена волја и избор како резултат на вековната борба низ историјата за своја слобода.

30 СЕПТЕМВРИ е празник на оние Македонци кои знаат и умеат со свои сили, знаење и труд да создадат вистински Македонски вредности со кои ќе бидеме конкурентни во меѓународни рамки.

30 СЕПТЕМВРИ е срам за бескичмењаците, слугите, робовите, продадените души за шака долари,

30 СЕПТЕМВРИ е жив паметник на Македонските гордост и достоинство!

30 СЕПТЕМВРИ ЖИВЕЕЕ!

Да живее Република Македонија да е вечен и просперитетен Македонскиот народ.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот