БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вкусно и здраво домашно чоколадо

Пренеси го гласот

Потребни состојки:

– 70-100 грама какао

– 50 милилитри млеко

– 2 лажици мед (наместо мед можете да употребите фруктоза или кокосов шеќер)

– 50 грама обично или кокосово масло

– Малку цимет

На тивок оган загрејте го млекото, но никако да зоврие.

Промешајте, додајте ги маслото и циметот и повторно промешајте. Во сад измешајте ја смесата со какаото. Какаото додавајте го постепено и со мешање за да не се формираат грутки.

Готовата смеса загрејте ја на тивок оган или пареа. Тргнете го тенџерето од оган и додајте мед. По желба можете да додадете исечкани или цели пропржени ореви, бадеми, лешници или суво овошје. Смесата можете да ја ставите во калап или да ја поделите на мали делови.

Оставете ја еден час во фрижидер, а потоа уживајте во домашно направеното чоколадо.

Креирано од:


Пренеси го гласот