После 4 години апсолутна власт во државата Зоран Заев во улога на Премиер, во саботата на прес конференција во Владата на Република Македонија помпезно зборуваше за некаков наводен Интервентниот план за инвестиции (ИПИ) 2021-2027 година.
Откако во период од 4 години го масакрираше државниот буџет со загрижувачки највисок раст на задолжувањето во однос на БДП без било какви видливи поголеми капитални проекти, Зоран Заев соочен со наглиот пад на рејтингот на неговите политики, повторно ветува “ЌЕ” проекти и тоа уште по мегаломански и уште по нереални имајки ги во предвид капацитетите на неговото досегашно работење. А во негова режија и одобрување, градоначалниците на СДСМ во најголемиот број на општини во Македонија откако извршија брутална партизација на локалните администрации со расходување на основните буџети на општините за плати и надоместоци како и социјални мерки за поткуп во функциија на добивање глас повеќе на избори, ги преспаа мандатите во однос на реализацијата на нивните предизборни програми не повеќе од 20-25 % од проектите.
Контролирајки 90% од медиумскиот простор во Македонија Зоран Заев сега повторно е “уклучен на најјако”, помпезно ветувајки “ЌЕ” проекти, но сега безобразието на неговата бескорпулозна политичка пропаганда оди уште повеќе и уште посилно чекор понатаму. Зоран Заев ветува проекти на приватни инвеститори како од странство така и од Македонија. Овој опасен преседан на пенетрирање на јавната политика во приватниот сектор е чекор понатаму на партизација на државата кој се надоврзува на веќе партизираниот државен апарат. Матрицата на партизација на државата која е моментално присутна во Македонија се заканува да прерасне во корпоративен социјализам од најтежок вид. Улогата на државата во таа временска хиерархија на развој на настаните е клучна во осиромашувањето на граѓаните а со тоа и самата држава во интерес на приватни корпоративни зданија кои ќе приватизираат голем дел од националните ресурси на особено криминоген начин, кој ќе биде вовед во уште подлабоко идентитетско обезличување на ниво на егзистенцијален опстанок.
Зоран Заев во својата прес конференција која траеше околу 100-тина минути во саботата вети:
-3,144 милијарди ЕУР во секторот енергетика;
-2,729 милијарди ЕУР во секторот патна и железничка инфраструктура;
-798 милиони евра во преработувачката индустрија;
-300 милиони ЕУР во инвестиции за малопродажба;
-500 милиони евра инвестиции во јавното здравство;
– 504 милиони евра во комунална инфраструктура животна средина (прочистителни станици, селектирање на отпад и сл.);
-200 милиони евра во туризмот.
И повторно во овој негов демагошки план тој го изостави микрорегионот Пијанец-Малеш чиниш лепрозни луѓе овде живеат кои не заслужуваат раст и развој во нивниот овоземски живот. Животот за сите се претвара во живот за по некои и тоа дури и во “ЌЕ” проектите кои видовме како завршуваат само на списоците за желби наречени програми за “живот во Македонија” реализирани не повеќе од 20% од она што е ветено пред граѓаните.
Капацитетот за перформанси на актуелната централна и локални власти во Македонија е прочитана книга, со малку страници. Гола шарена измама која имаше за цел уништување на Македонското национално достоинство и грабеж на јавните буџети на институциите на државата од страна на малкумина корпоративни олигарси. Граѓаните кои имаат можност да работат во некоја државна институција, само една месечна плата ги дели од семеен банкрот. Голем дел од граѓаните особено во споменатиот заборавен регион ја рентаат својата животна сила со привремена работа во страство за да преживеат. Земјоделието е колабирано со општ хаос на односите меѓу добавувачите, земјоделците и трговците.
Ценовните шокови се постојани без изгледи да престанат а куповната моќ на граѓаните се помала и помала.
Општата атмосфера на односи помеѓу луѓето во нивното секојдневие е загрижувачка на здравствен план со нарушени меѓучовечки одности.
Македонија е во своевидна невидлива граѓанска војна а Македонските граѓани се доведени на голо поле под жесток вкрстен оган од многу страни.
Овие мои тези не се нихилистички, туку во функција на аларм да го зачуваме она малку човечност што ни остана.
Пишува: Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КОГА КАРАКТЕРОТ ЌЕ СТАНЕ ПОГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ОД НЕЗНАЕЊЕТО
СРЃАН ВАЉАРЕВИЌ: ЛИРСКИ СТОИК
ЖЕНИТЕ ГИ ЗАКОПУВАМЕ СО ЦВЕЌЕ, А НАСИЛСТВОТО ГО ОСТАВАМЕ ЖИВО!