Во рамки на 20-то издание на еден од најзначајните музички настани во државата во изминатите 20 години “ТАКСИРАТ” ке се одржи концерт на светската боса-нова и њу вејв сензација Nouvelle vague.
Концертот на Бендот кој во шармантен боса-нова манир ги редефинира најзначајните периоди од панк и рок историјата, повторно го носи во Скопје неодоливиот звук кој отвори поинаква димензија на новиот бран.
Ова е сигурно музички настан кој вреди да биде посетен, пред се поради свежината и иновативноста на традиционалниот звук и рок сензибилитет кој тежнее да допре до поширока публика.
Настанот ќе се одржи во ВИП Арената Борис Трајковски во Скопје на осми декември а билетите се од поодамна пуштени во продажба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
„ЈЕЕЈ!“ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОТКРИВА СВЕТОТ НА МУЗИКАТА – Биби и Боби со нова епизода оваа сабота