БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова канализација и водовод на ул. Солидарност во Штип. Следува асфалтирање на улицата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Напредува обновата на комуналната инфраструктурната во градот Штип. Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска на лице место ја објави замената на водоводната и канализационата инсталација за жителите кои што живеат по должина на улицата Солидарност во рамки на неговите програмски определби ветени пред штипјани. Станува збор за проект финансиран од парите на граѓаните прибрани преку буџетот на општина Штип, што е најдобра примена на нивните пари за нивни сопствени потреби. По замената на водоводот и канализацијата и приклучување на сите домаќинства на новите линии, ќе следува целосно асфалтирање на улицата со што за наредните повеќе години жителите на оваа улица ќе добијат многу подобри услови за живот од досегашните.

“Од денес на Ул.Солидарност започнуваме со замена на застарената со нова водоводна и канализациона мрежа.

Инвестицијата е во вредност од 1.712.000 денари од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните. Веднаш после завршување на овој зафат, ќе пристапиме кон асфалтирање на оваа улица, проект финансиран од Светска банка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Населба Автокоманда после децении ќе добие модерен, функционален и урбан изглед, а проблемите со честите дефекти на водоводната и канализациона мрежа ќе бидат минато.”

-информираше денес Иван Јорданов- Градоначалник на Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace