Од почетокот на пандемијата со Ковит-19 вирусот во Македонија од почетокот на месец април до денес се евидентирани над 36 илјади нови невработени лица. Оваа црна статистика на Агенцијата за вработување беше лукаво криена пред изборите со цел да не се одрази на избирачката волја на граѓаните кои што на свој грб го чувствуваат лошиот животен стандард.
Сега откако на повидок е креирање на нова влада на чело со Зоран Заев и СДСМ во партнерство со ДУИ што во суштина е истата влада со продолжен мандат, многу веројатно е ваквиот негативен тренд да продолжи да се продлабочува што граѓаните на Македонија ќе ги втурне во дополнителна беда и сиромаштија.
Предизборниот поткуп со државни ресурси и буџетски пари за кратко послужи во спречување на падот на Зоран Заев со целата негова деструктивна политика, но во периодот што следува се очекува незадоволството на граѓаните да расте, така што тресокот при падот на оваа ненародна партиско-профитерска влада се очекува биде уште поголем.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“