БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нови тротоари за безбедни граѓани кои гравитираат на улицата “Мирче Ацев” во Штип

Пренеси го гласот

Во тек се градежните работи за изградба на тротоари за штипјани кои што гравитираат по улицата “Мирче Ацев” во Штип.

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов во јавноста ја пренесе динамиката за реализацијата на предвидените градежни работи кои ќе финишираат во најкус моѓен рок.

“Започнавме со реконструкција на улицата „Мирче Ацев“, која води до СОУ „Јане Сандански“, уште една улица со многу движење која што досега не беше уредена.

Најпрво ќе се уредат тортоарските површини за да обезбедиме безбедно движење на пешаците.

Веднаш потоа планирано е асфалтирање на оштетените потези од улицата, обезбедување на простор за паркирање на возилата и оградување на тортоарите со заштитни столбчиња за безбедно движење на учениците.

По завршувањето на овие активности, во наредните месеци ќе се започне и со изградба на парк во истата населба со различни содржини.”

-соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов за јавноста преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот