БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Силјановска на анкетите има дупло поголема поддршка од Пендаровски и во ИЕ2 и ИЕ6

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателската трка почнува да ги кристализира рејтинзите на кандидатите кои веќе се познати.
Гордана Силјановска Давкова со дупло поголема поддршка пред Стево Пендаровски на последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ.

Според анкетата спроведена во февруари на прашањето “за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ во втората изборна единица Силјановска има 21% поддршка од граѓаните, Пендаровски има 12,4%, Османи 6,9%, Максим Димитриевски 6,6%, Арбен Таравари 5,2%, Ванковска со 4,5%, Стевчо Јакимовски 1,1%, а 9,6% анкетирани рекле дека не поддржуваат ниту еден, 16% нема одговор, а 15,9% не сакаат да кажат.

Во шестата изборна единица во февруари најголема поддршка испитаниците даваат за Османи со 21,4% рејтинг, но веднаш зад него е Таравари со 20,8%. Потоа следи Гордана со 9,2%, Пендаровски со 5,1%, Димитриевски 1,2%, а 14,8% одговориле дека не би поддржале ниту еден кандидат за претседател, 10,1% немале одговор, а 15,8% не сакале да кажат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace