Во изминатите денови се случија нови промени на раководните позиции во основните училишта „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“.
Во основното училиште „Тошо Арсов“ на местото на досегашниот директор Димитар Параклиев доаѓа Фросина Маџарова, наставник во истото училиште и истакнат партиски активист на СДСМ.
Во основното училиште „Димитар Влахов“ нов в.д директор е Миле Младеновиќ, настанвик во истото училиште.
До промена на овие директорски места дошло по депонирање на оставките дадени од сега веќе претходните директори
Нов в.д директор на ООУ „Славејко Арсов“ е поставен Павле Мицев, додека пак во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ нов в.д директор е Софка Атанасова.
Како што говорат информациите овие кадри се изнудени решенија на СДСМ, и не се најквалитетните и најсоодветните што може да ги понуди оваа партија. Добро упатените во образовната сфера во Штип говорат дека овие се кадри кои се далеку од квалитетни профили, меѓутоа се одело на опцијата да бидат сменети актуелните директори од претходната власт независно кој ќе дојде на нивно место. Како новите директори ќе се снајдат на овие функции останува да видиме. Без разлика на партиската определеност образованието и пред се децата не смеат да чувствуваат последици од нечии партиски или лични интереси.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието