БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уапсени пратеници и граѓани, ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За настаните од 27 април, полицијата утрово привела околу 15 лица, меѓу кои актерот Владо Јовановски, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес и други.

Утрово беше приведен ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков

Обвинителството побарало приведување и на Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за јавен ред и мир.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Обвинети се за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок. Mинимална казна затвор е 10 години.

ВМРО-ДПМНЕ поради ваквите настани преку соопштение повикува на протест денес пред основниот суд во 13:30 часот

Во соопштението до јавноста стои:

ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев.

Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците.

Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.

Во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.

 

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace