По катастрофалниот земјотрес од 6.4 степени според Рихтер кој ја стресе Албанија и однесе многу животи, следеа силни афтер шокови од 5.3 степени и 4.9 степени, а и помали потреси, со што и понатаму тлото не се смирува.
Во Албанија и изминатата вечер се тресеше тлото. Регистрирани се потреси од 2.5, 2.3 и 2.1 степени, а претходно во текот на денот се регистрирани осум потреси.
Се работи за земјотреси со јачина од 2.5, 3, 2.4, 4.3, 2.3, 2.7, 2.2 и 2.8 степени.
Повеќето од нив се во близина на Круја, Пешкопеја и Тирана.
Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се зголеми на 52.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вучиќ пристигна во Пекинг. Ќе има средба со Си Џинпинг
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња