До крајот на годинава треба да биде готов главниот проект за новиот театар во Прилеп, а од 2020 година да почне изградбата на нова театарска зграда во составот на центарот за култура „Марко Цепенков“.
Со тоа ансамблот на театарот и градот ќе го реализираат деценискиот копнеж за нов театар, изјави Стојан Дамчески, раководител на ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“.
– Во договор со Министерството и со локалната самоуправа со стручни мислења, утврдивме дека најсоодветно решение за да се изгради театар е во постојната зграда на домот на културата „Марко Цепенков“, во т.н. блок Д, или попознато, на просторот од киното „Мис Стон“ и „Арт-кафулето“. Тој простор е имот на Владата и за него ќе се распише конкурс за идејно решение со комплетна инфраструктура: посебен влез, седишта, посебна сцена, односно, комплетно нов театар, но ќе се вклопи со другиот објект од домот
– изјавил Дамчески.
Олеснителна околност е што објектот не се гради од темел, како што е случајот со МНТ или со Велешкиот театар, и нема спорни делови околу имотноправните односи зашто објектот е во сопственост на државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција