БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ново соопштение на СДСМ во врска со внатрепартиските несогласувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ.

Сè она што СДСМ со денови и со месеци го говори, денеска уште еднаш се потврди.

ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети тоа го покажуваат, немаат одговор на ниту едно прашање, на ниту еден од многубројните скандали што ги изнесовме во јавноста, а немаат ниту резултати.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Протести на улиците за поголеми плати, протести за правда, покачени цени… хаос во економијата.

Од друга страна имаме:

Криминални тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга фирма, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта, 74 тендери за Ленди груп…

Бизнис мрежа на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до Руднап и бизниси со струја.

Кога за ова нема одговор, има дефокус и црни кампањи.

Па затоа ги има измислените афери за Дубаи, зграда од 42 спрата, д-р Жан, Харис Џиновиќ, Венеција, скокови во Сент Мориц…

Ништо од ова не помина.

Граѓаните го препознаа дефокусот иако течеа интензивна кампања преку 40% од медиумите кои се под контрола на ВМРО преку Орбан.

Потоа следеа напади од така наречени новинари, платеници и соработници на странски служби.

Не помина ниту тоа.

Па Обвинителството се закануваше со нарачани процеси.

Потоа следеше нова проруска партија. ВМРО му водеше кампања на Богдановиќ, иако тој ниту е член на СДСМ, ниту има врска со нашата партија одамна.

Па следеа обиди за рушење на СДСМ одвнатре. Напади од Деспотовски, па Шилегов.

Ниту тоа не успеа.

Цените растат, платите не. Денеска Мицкоски поставува свој човек во Регулаторна, СДСМ објавува нови податоци за уште бизнис шеми.

И токму денеска се случува координирана кампања уште од наутро.

Паниката во редовите на ВМРО доведе до тоа веќе денес да ја извадат и „Платформата за рушење на СДСМ“.

Ги собираат сите што можат да ги купат и уценат.

Гледаат дека не можат да го скршат АКТ и раководството на СДСМ, по сите закани што ги упатија, по црната кампања.

Почнуваат со својот последен адут.

Како? Се создава ДОС во кој нема место за СДСМ. Се оградуваат од своето минато, нема имиња.

Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“.

Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.

Со тоа докажуваат и дополнително сакаат да ја распарчат. Го споменуваат ЗНАМ бидејќи пропадна. ЗНАМ нема повеќе никаква поддршка, затоа што граѓаните сфатија дека го покажаа своето продадено лице во тендер-коалицијата.

Шилегов ја најави Платформата за рушење на СДСМ токму вечерта кога се одбележуваше трагедија во Кочани, ја злоупотреби емисијата за да ја нападне сопствената партија.

Немаат ни срам, ни чувство за одговорност.

И сега, Шилегов ја најавува Платформата, а тие денеска се оградуваат од него. Затоа што СДСМ објави дека платформата е осмислена од ВМРО уште истиот ден. Само затоа.

Кому сè уште не му е јасно дека СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните?

Кому?

Дали сега е јасно целото сценарио за кое зборуваме изминатите три месеци?

Затоа ние единствени се бориме за ЕУ, за Македонија да не остане црна точка во Европа.

Затоа сакаме реформи, затоа слобода на медиуми и говор.

Затоа ни треба систем, а не лидер

Извор: СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace