БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево домаќин на спектакуларна изложба на дела од 32 Лесновска ликовна колонија

Пренеси го гласот

Жителите на Делчево утре во четврток 04.09.2025 година со почеток во 13.00 часот во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на ликовни уметнички дела кои се создадени во рамки на 32 Лесновска колонија.

Станува збор за 34 монументални ликовни дела кои што со својата содржина се движат помеѓу автентичен реализам и апстрактен кубизам од повеќемина реномирани автори.

Овој впечатлив културен настан е во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево кои што имаат плодотворна соработка со Организаторите на колонијата- Домот на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип,

32-та Лесновската ликовна колонија се реализираше со финансиска поддршка од Општина Пробиштип, a минатата година беше избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2024 година. На ликовната колонија свое учество зедоа 17 уметници кои што создадоа 34 уметнички дела кои што се веќе поставени во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево и ги очекуваат погледите и вниманието на делчевската културна јавност.

Лесновската ликовна колонија за првпат се реализира во далечната 1992 година а во текот на нејзиното повеќедецениско опстојување, на неа учество земале над 100-тина реномирани ликовни дејци од Македонија и странство кои што во трајно наследство на Пробиштип оставиле преубави визуелни дела.

Директорот на НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево Златко Начовски кој што е иницијатор за реализацијата на овој значаен настан ја истакнува својата восхит што токму Делчево и делчевчани ќе можат да ја посетат оваа галерија на лесновските дела и да уживаат во мотивите на изложените ликовни прикази. За отвoрањето на изложбата е најавено присуство на менаџментот на Домот на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип кои што ќе се обратат пред присутната публика за карактеристиките и значењето на овие ликовни творби.

Влезот за настанот е бесплатен,

Креирано од:


Пренеси го гласот