БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ѓоко Велковски од Делчево: Ќе продолжиме да се грижиме за пензионерите согласно нивните барања и потреби

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во градскиот парк во центарот на Делчево Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски имаше пријатна и конструктивна средба со повеќемина граѓани како и претставници на делчевските пензионери.

“Денеска имав прилика да се сретнам со доста граѓани токму тука во Делчево. Разговаравме со пензионерите навистина имаа што да кажат, навистина се задоволни со тоа што го постигнавме во овие 14 месеци како влада.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Меѓутоа треба да продолжиме да се грижиме за нив и затоа разговараме и го слушаме секој нивни совет.

Ќе ја посетиме Македонска Каменица. Таму ќе се сретнеме и со луѓето од социјалната заштита, меѓутоа и со оние кои што се згрижени во дневните центри и ќе поразговараме за нивните предизвици да видиме што е најпотребно за да направиме како влада, за да имаат добри и квалитетни услови.

Она што ми претставува навистина задоволство е разговорот со вработените во Центарот за социјални работи во Делчево каде што ја истакнаа важноста од потпишувањето на колективниот договор и покачувањето на нивната плата за 20%, кое што им дава дополнителен мотив за квалитетно да ја извршуваат својата работа,”

-рече денеска од кај споменикот на Гоце Делчев во центарот на Делчево Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace